Љубовта како основа за хармонија во семејството – Пишува Мр. Татјана Гогоска одговорен уредник на културно.мк

Кога двајца се соочуваат со предизвикот на основање на свое семејство во кое ќе одгледаат и свои деца, треба да имаат пред се на ум дека центарот во нивниот дсом и целокупното живеење ќе бидат децата . Додека се мали децата околу нив има многу обврски, кога растат поставуваат сè потешки прашања и имате посериозни обврски, па како да бидете успешни во најпредизвикувачката улога на светот – родител?

Најважно е да научите да комуницирате со нив преку јазикот на љубовта и заедно да играте игри и да сонувате.

 

Вештини како љубовта да стане услов за хармонично семејство

Чуството за припадност е почетокот кој треба да го создадете

Вие во вашето дете ја будите мудроста, љубовта, емпатијата, хармонијата на духот и взаемната припадност која раѓа доверба меѓу членовите на семејството

Научете се преку вашите постапки д абидете креативни ,така што секојдневно ќе имате ваше време на игра ,забава и креативност.

Најважно во сите алки на спроведување на важните задачи е дека треба мајката и таткото со децата да зборуваат како со возрасни личности. На тој начин ќе имате можност за лесна и успешна комуникација. Разговарајте со нив за најважните аспекти во животот.

Учете ги д абидат благородни и емпатилчни. Научете го дека материјалната благосостојба и успешната кариера се посакувани, но не се рецептот за среќа. Рецептот е убавата душа, а тоа се постигнува преку делење на насмевки на другите, правење на вистинските работи, споделување на убави вести и великодушност.

 

 

 

Никогаш во семејството не треба да се биде некултурен, насилен и д аупотребувате погрдни зборови. Ако сте насилни и некултурни кон детето/ децата тогаш и тие ќе станат такви. Навредите и повишениот тон на гласот им штетат на децата. Обидете се да ги смирите емоциите и контролирано да разговарате со него. Казните и агресијата ќе имаат спротивен ефект.

Многу е важно заеднички поминатото време да биде квалитетно и корисно. Создавајте креации, читајте, играјте. Не читајте само книга, туку притоа дискутирајте за главните ликови, акцијата и ситуациите во книгата. Измислувајте приказни заедно, креирајте кукли, алатки и магични светови.

Во миговите минати заедно споделувајте ги мислите, поставувајте прашања и набљудувајте го светот.

Родителите и меѓу себе не смеат а ни према децата да создаваат строги забрани и кои доведуваат до бариери што понатаму има лоши последици. Важно е на децата да не кажувате строго што не смее да прави, туку тоа да му го кажете на вистинскиот начин или уште подобро неговиот фокус.

На пример наместо да му кажете дека не смее да ги растура играчките, кажете му да ги нареди на свој начин како мисли дека ќе зафаќаат најмалку место во неговата соба. Нека биде активен сонувач, кој не следи наредби, туку учи сам да препознава што е добро, а што не.

Ова се само мал дел од советите упатени до младите родители! Следи продолжение: Како да ги надминувате пречките во комуникацијата во семејството. Дел од книгата на авторот М-р Татјана Гогоска „Телевизијата и емоциите кај децата „ .