По скоро сите големи градови во Европа, од пред неколку месеци  и Скопје доби Музеј на илузии. Музејот се планира да придонесе за зголемување на забавните содржини на градот, но и несомнено треба да е место, каде покрај домашните гости, интерес и забава  ќе пронајдат и странските туристи.

Музејот нуди незаборавно визуелно и сензуално искуство на погрешно толкувана перцепција, која нуди многу забава низ трите ката проткаена во мноштво соби и галериски експонати,велат оние кои веќе го посетиле.

Музејот се наоѓа на улица Максим Горки бр. 10, Скопје, спроти Швајцарска Амбасада, ќе биде со работно време секој работен ден од 8-20 часот, а за време на викендите од 9-20 часот.