КИЦ ,Скопје

Оваа недела во Културно-Информативен Центар – Скопје, ќе се одржат две промоции на интересни книги во Салон 19,19 . На 6-ти ,(утре) од 12 часот ќе биде пред детската публика з акого е наменета книгата одржана промоција на „Мозаикот на Деби МУ“  од Жаклина Мучева

Жаклина Мучева дипломира на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. На истата катедра го одбрани и својот магистерски труд од областа на менаџирање во образованието. Радискиот микрофон го заменува со телевизиска камера во 2010 година, а новиот медиумски предизвик е Алфа телевизија. Своето педагошко образование го соединува со способноста за добро говорништво и во слободното време држи разни креативни работилници, предавања во основните училишта на теми поврзани со холокаустот, учествува на научни конференции и семинари о свои трудови.

Член е на Лајонс клубот „ Св.Пантелејмон“- Скопје и волонтер во Црвениот крст на град Скопје. Мозаикот на Деби Му е нејзина втора книга, а првата „Образование во кибуците“ излезе од печат во 2002 година.

 Мозаикот на Деби Му“ е книга која ве води во светот на истражувачката љубопитност и иновативната креативност. Приказни за постанокот на предметите од секојдневието, животот на некои животни, парчиња облека кои имаат своеминато и зонтаг илустрации кои бараат боење. Тоа е накусо смерницата за составување на мозаикот кој за првпат Деби Му им го нуди на децата.  Книгата ќе ја промовираат ,мр.Татјана Гогоска и авторот со интеракција со присутните деца ќе се обиде да го доближи ова дело до читателската публика за кое е наменето. Модератор на настанот е Елена Максимовска.

Утревечер пак од 19 часот на исто место Салон 19,19 ќе биде провирана книгата  раскази  „Пената на црниот бран“,  од  Владимир Илиевски  .                                  

Владимир Илиевски,раскажувач, поет,теоретичар.Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје,општа и компаративна книжевност.Пишува поезија „Избор и случајности“, “Нема исти утра“ и други, како и книжевна теорија „Цитатноста во лириката“.Преведен е на хрватски, српски, бугарски, краински, литвански ,полски, италијански, англиски јазик. Добитник е на неколку награди.

Во своите раскази не посегнува кон минатото круто и фактографски,туку напротив,преку вешто наративно изградените состојби и карактери се обидува да ја сруши хронолошката дистинкција помеѓу времињата,со цел да го разбуди размислувањето кај читателот и да предизвика едно несомнено книжевно задоволство.

 Книгата ќе ја промовира, проф.др.Александар Прокопиев,извадоци од текст ќе чита,Љупчо Тодоровски -Упа,артист.