Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје годинава одбележува 65 години од основањето. Од почетоците до денеска, со научноистражувачката, високообразовната и издавачката дејност Институтот израсна во респектабилна институција од највисок ранг.

Централното одбележување започна вчера  5 ноември  и ќе трае до 9 ноември . Со цитати од Мисирков, кон јубилејот се осврна директорката проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, а потоа д-р Марија Коробар-Белчева даде широк остврт на 115 години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“ и 25 години од смртта на Блаже Конески. За  научните достигнувања на вработените во ИМЈ „Крсте Мисирков“ излагање имаше проф. д-р Гоце Цветановски.

Одбележувањето на јубилејот е почеток на „Отворените денови на Институтот за македонски јазик“ што ќе траат до 9 ноември 2018 година во чии рамки ќе се одржи меѓународната научна конференција „Јазикот и културата ‒ состојби и  перспективи“ и трибината „Македонскиот јазик во медиумскиот простор“.