Photo by Горан Десковски

Во петокот на прекрасниот концерт во чест и спомен на најголемата музичка македонска ѕвезда Тоше Проески,  беше промовиран и новиот албум “Secret place” . Познати музички имиња од Балканот, заедно со многу бројната публика ги пееја познатите хитови а во позадина одеа снимки од настапите на Тоше. Емотивно со многу музика и љубов каков што впрочем беше и сaмиот Тоше.

“Secret place”-Photo by Горан Десковски

На крајот од вечерта беше промовиран видео записот за насловната песна, кој претставува своевидна приказна за Тоше, детсвото, љубовта и неговото Крушево.

Зад продукцијата на спотот стојат :

Продуцент и кастинг Александар Пауновски, Режија директор на фотографија и сценарио Илија Жоговски, монтажа – ROTOSOTOP ent. асистент на камера Борис Јосифовски, Костимограф  Елена Максимовска , Шминка и фризура   Елеонора Марк  и Светло Иван Ѓорчев.

Во спотот учествуваат: Марија Јанчевска@Кирил Пипуноски@Душан Петровски@ Андреа Голуб.

Музичката продукција на целиот албум е на  Andy Wright.