20130531 Friday 1109 Skopje teatar otvaranje SK14 nikola gruevski

Со цел  враќање на театарот на неговиот почеток, во Штип почнува да се одржува   новиот меѓународен театарски фестивал, „Театар во куфер“. Фестивалот ќе се одржи од 9 до 20 ноември во Штип и ќе бидат  прикажани една гостинска и пет домашни претстави.

Ќе биде отворен во петок со „Европејци“ на театарот „Драфт“ од Тузла, Босна и Херцеговина. Организатор е Домот на млади во Штип и покрај на неговата сцена, ќе има изведби и во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“.

Во наредните денови ќе бидат изведени претставите: „Дисфункција“ на Младински интимен театар од Битола; „Убавите жени“ – поезија и театар на актерот Страшо Милошевски; „Женска утопија“ – според драмите на Јордан Плевнеш; „Петтиот чин“ на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица и „Чекачот“ на Театар за гледање и слушање од Штип. Во рамки на фестивалот на 14 ноември напладне ќе биде организиран симпозиум „Патувачки театар“.

Идејата е театарот да се врати на архаичниот модел – патувачкиот театар од времето кога сè што му било потребно на актерот било собрано во куфер и со него тој можел да игра секаде и пред секого. Тој театар е близок и непосреден со гледачот и него го става во функција како активен актант, е според изјавата на Уметничкиот директор на Фестивалот Трајче Кацаров мотивот за отварање на овој Фестивал.

Од Организацијата очекуваат првото издание на „Театар во куфер“ да биде почеток на традиција. Годинава сите учесници ќе добијат статуетка Арлекин, а во план е од идната година фестивалот да биде натпреварувачки и со награди. Тие се цврсто решени тој да остане верен на манифестот и првичната идеја.