Институтот за национална историја (ИНИ)  го одбележува 70-годишниот јубилеј со свечена академија, во Македонската академија на науките и уметностите, вечерва од 19 часот.

По повод овој значаен јубилеј на  ИНИ, во Клубот на пратениците на 9 и 10 ноември  ќе биде организиран дводневен меѓународен научен симпозиум, на тема „Балканската историографија и современите предизвици“. На симпозиумот ќе учествуваат  60-ина истакнати научници од Македонија и од странство.