Revija bar & food објави конкурс за вработување на лице со Даунов синдром или друга попреченост. Во огласот стои :

Ги охрабруваме лицата со Даунов синдром и попреченост да се јават на нашиот оглас! Трудот, желбата и волјата за работа не познаваат разлики. Нашиот тим има потреба од амбициозна личност, а насмевката, желба за работа и позитивна енергија се нашите критериуми!“.

Реакциите и овој пат се различни, од најохрабрувачки до негативни. Но, секоја почит и за охрабрување на идејата. Да се сетиме на една поговорка :„ Еден човек не може да го смени светот за некое дете, но може да му помогне на детето, тоа да ја смени перцепцијата за светот во неговите очи, душа и срце„. Во секој случај зрак светлина и надеж за сите оние кои во семејството имаат член со попречености во развојот.