Краткометражниот македонски филм „Малина“  кое е дебитантско остварување на младата режисерка Анастасија Лазарова Пилинг, а во продукција на Никола Мадиќ односно „Монолит филм“, ќе биде прикажан утревечер во 21 часот (вторник) во киното „Фросина“ во рамките на фестивалот Синедејс.

 

Филмот беше сниман ова лето во три дена на препознатливи скопски локации како Музејот на современа уметност, скопскиот клуб „Станица 26“.

„Малина“ обработува универзална тема за две тинејџерки и се случува во две деноноќија, со свежина во авторскиот приод на младата режисерка и во изразот со современа приказна за адолесцентите кои се во потрага по својот личен идентитет. Соочувањето со љубовта и пријателството,борбата со клишеата с ево центарот на дејството на филмот.

Главните улоги ги играат Сара Климоска и Ивана Павлаковиќ а во останатите се појавуваат Стефан Спасов, Бојан Кирковски и Амернис Јовановска-Нокшиќи. Кинематографер е Наум Доксески, сценографијата и костимите на Илина Ангеловска, монтажата на Владимир Павловски а музиката на Дамјан Лазаров.

„Малина“ после премиерното прикажување на последното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ утревечер и пред публиката во рамки на фестивалот Синедејс.