Почетна Актуелно Наградата “13 Ноември” во рацете на младиот пијанист Арда Мустафаоглу

Наградата “13 Ноември” во рацете на младиот пијанист Арда Мустафаоглу

85

Добитник на годинешната награда “13 Ноември“ на Град Скопје, за афирмација на градот Скопје во светот е младиот и успешен пијанист, шеснаесетгодишниот Арда Мустафаоглу . Награда заслужено е во рацете на овој млад талентиран уметник, ученик во средното музичко училиште во Скопје koj  одамна со своите пијано настапи е присутен на европски сцени, каде успешно го претставува градот Скопје и Македонија.

Во досегашната негова кариера добитник е на бројни награди во Македонија и во Европа, каде што настапува на значајни пијано натпревари меѓу кои на натпреварот во Кралскиот Конзерваториум во Брисел, Баварскиот Конзерваториум во Хамелбург, Алинк–Аргерич натпреварот во Сан Дона ди Пиаве, Антонио Салиери натпреварот во Италија, натпревари во Бугарија, Грција, Турција, Србија, Албанија и меѓународни интернет натпревари. Со солистички рецитали и концертни настапи се има претставено во Париз, Верона, Венеција, Модане, Атина, Анталија, Истанбул, Србија, а настапувал и со камерен состав во Србија и со Македонската филхармонија.

Започнува да свири на многу рана возраст, а за првпат клавишите на пијаното ги допира со својата мајка Самира која е негов наставник.

Несомнено е дека, пред него е богата и успешна кариера, а оваа награда нека биде мотив за уште поголеми достигнувања.