Режисерот Ридли Скот по повеќе најави ,веќе работи напорно на продолжение на култниот филм за мноогумина „Гладијатор“ и веќе по најавите се очекува исто да биде голем филмски хит. Тој заедно со сценаристот Питер Крег, кој стои зад проектите како што се “Игрите на гладните” и продолжението на “Топ Ган” и се во заврѓна предпродукциска фаза за најавеното продолжение кое веќе е и официјално.

Дејството во продолжението ќе започне набргу откако главниот лик на првиот филм, Максимус (Расел Кроу) умира во Колосеумот во Рим, а во продолжението фокусот е на Лусиус, синот на Лусил, која првично ја глумеше Кони Нилсен. Лусиус е внукот на Комодус, римскиот лидер кој го играше Хоакин Финикс и кого Максимус го уби.

“Гладијатор” беше номиниран за 12 Оскари и освои пет од нив, вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм. Како што се зборува, продукцијата би можела да започне наскоро, а деталите за актерската постава се уште не се познати.