Новиот  роман „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева,кој е  добитник на престижната награда „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра прозна книга објавена на македонски јазик во 2017 година ќе биде промовирана денеска во библиотеката „Браќа Миладиновци„ во Скопје.

Книгата ќе ја промовира  Виолета Танчева-Златева а делови од романот ќе интерпретира актерката Сања Арсовска.

Авторката  Jaгода Михајловска-Георгиева е прозаист, есеисти филмски критичар. Досега ги има објавено книгите: Мојата кожа (збирка раскази),Момчето молња (роман),  Огледала-лудо билје (есеи), Игбал, мојата тајна (роман),Каменот од Твојот ден-хималајска приказна (роман),Индиго Бомбај (роман), Дрско црвен кармин (збирка раскази).

Покрај оваа, добитник е и на други престижни награди и признанија.