.

Со две дела утре од 12 часот,во салата Империјал 1 на Културно-информативниот центар – Скопје, ќе се претстави авторот Ленка Попоска-Гогоска  Промоција ќе доживеат две нејзини дела, првото е збирка раскази „Чувства и разум “, а второто е роман, последно отпечатено дело а прво напишано на српски јазик „Шапат истине„.

Ленка Попоска –Гогоска е магистер по педагошки науки, пензиониран професор по Педагогија и Дидактика на Педагошката Академија „св Климент Охридски„ во Скопје. Таа е автор на над 30 педагошки дела, кои се наменети за наставници, учители  ,професори , директори и ученици. Меѓу нив се „Педагогија„ , „ Дидактика“, „Фактори за успех во учењето“, „Учиме и се забавуваме„, „ За директорот„ , „Подготовка на класниот час„ и многу други, а нејзиното највредно дело е магистерскиот труд преточен во книга „Развојот на образованието во Скопје 1944-1984 година„.

Во исто време автор е на 10-тина книги проза и поезија, романи и раскази за возрасни и деца меѓу кои трилогијата „Клуч„, романите „Љубов во пајажина„, „ЕР –ха негатив„… поезијата „Нерамнини„, збирки раскази а пред публиката ги претставуваме двете нејзини дела романите „Повеќе од мајка„ и „Шапат истине„ објавена на српски јазик.

Неуморното творештво на авторката не носи  во очекување на романот „ Сонот на цвеќето“ а штотуку од печатница излезе нејзиното дело „Исус Христос како водич на духовноста“.

Оваа промоција е насловена како „Зачувување на семејните и духовните вредности во романите на авторот Ленка Попоска-Гогоска“  за кои  ќе зборуваат, Елизабета Ивановиќ-психолог ,  мр.Татјана Гогоска –автор и комуниколог, а водител на овој литературен настан  ќе биде , Жаклина Мучева. Извадоци од романите ќе презентира, Елена Максимовска.