Десеттото, јубилејно издание на Фестивалот на музика од светот, чиј организатор е Центарот за култура во Битола, ќе започне вечерва и ќе трае до недела 18-ти ноември. Фестивалот ќе го отвори  македонската група „Синтезис“, публиката ќе може да види и еден џез-квартет од македонски музичари а главна најавена атракција  се членовите на групата „Фламенко Екос“ од Куба . Оваа група е основана во 1999 година од искусна група танчари и музичари, кои се посветени на уметничката продукција, проучувањето и промоцијата на фламенко-уметноста.  Групата „Фламенко Екос“, ќе настапи на третиот фестивалски ден, 18 ноември.

Инаку, на Фестивалот на музика од светот, што важи за една од најпосакуваните и најпосетувани музички манифестации во Битола, досега настапиле: Ричард Галијано, Наташа Атлас, Васил Хаџиманов, Каролина Гочева, „Фолтин“, Тереза Салгуеро, Карсу Домнез, Исмаил Лумановски и други.