Телешко со печурки, кромид, ѓумбир и мајчина душичка

Начин на подготовка 

-Телешкото исецкајте го на ситни коцки. Ставете го во вода да се вари. 
Треба да се вари 2-3 часа на не многу јака температура во многу вода.
Штом ќе зоврие водата, намалете ја температурата на половина, 
поклопете со капак и оставете го да се вари.

Остатокот од подготовките започнете ги по 2 часа од подготвката на месото
или следниот ден, зависи како ќе се организирате.
Во длабоко тенџере ставете поголема количина на масло, 
да го покрие дното и малку повеќе.
-Морковите излупете ги и исецкајте ги на кругчиња или изрендајте ги 
и додадете ги во местото. Доколку ги правите кругчиња, додадете ги порано, 
ако рендате може и при крај на подготовката.

- Кромидот исецкајте го ситно и пржете го во загреано масло. 
Додавајте го кромидот во теџерето како што го сецкате, на повеќе тури. 
Мешајте убаво да се испржи, да зарумени. 
Кога ќе биде убаво испржен со лажица решетка извадете го,
исцедете го од маслото и ставете го на страна или доколку месото е сварено
додадете го веднаш во садот во кој што се вари месото.

Печурките измијте ги под силен плаз вода или доколку се чисти,
само пребришете ги со крпа. Не ги потопувајте во вода,
бидејки многу впиваат и кога ќе ги пржите, нема да се пржат, 
туку ќе се варат. Со тоа се добива комплетно различен вкус.
-Сецкајте ги печурките на големини по желба и пржете ги во загренао масло. 
Како и кромидот, така и печурките додавајте ги постепено, како ќе завршите 
со сецкање. 
Во помали тури подобро ќе се испржат, нема да има многу вода во садот 
и убаво ќе се испржат.
Не ги мешајте видовите печурки да се пржат заедно, 
бидејки потребно им е различно време за подготовка.
Извадете ги со лажица решетка и додадете ги во садот кај месото 
или во садот со кромидот.

Од како ќе ги додадете кромидот и печурките кај месото
проценете ја состојбата на течност. Треба да биде окулу 2 прста над месото.
Доколку недостасува вода, додадете.
Во половина чаша вода ставете го густинот и црвениот пипер и убаво 
промешајте да се растворат. 
Растворени додадете ги во месото.
Мешајте за убаво да се згусне целата смеса.
Нека покрчка уште 30ина минути.

Пред крај додадете сол, бибер, мајчина душичка и ѓумбир во прав.


За овој рецепт потребно е:
-500 гр телешка кртина
-1 кг кромид
-250 грама печурки буковка
-250 грама печурки шампињони
-3-4 моркови
-2 лажици густин
-1 голема лажица црвен пипер
-1 мало лажиче мајчина душичка
-по вкус ѓумбир во прав
-по вкус сол и бибер


Не баш брз ручек, но феноменален. Вредеше секоја посветена минутка :)
Преубаво е и топло и ладно :)
Кај нас се погоди да го послужиме со потпечени лепчиња,
да крцка... милина.

ludaglava@yahoo.com
Снешка Трајковска 
Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/http://moirecepti.mk/post