Најпоставуваниот современ шпански текст во Регионот, за првпат преведен и поставен во Македонија, Претставата „Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, премиерно ќе биде изведена на 23 ноември (петок) во Народниот театар Охрид.

Претстава зборува за последното интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат.

Претставата е во режија на Ирена Стеријовска, а во неа играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов.