Почетна Култура Литература Во Охрид – Промоција на книгата „Свети Архангел Михаил“

Во Охрид – Промоција на книгата „Свети Архангел Михаил“

60

Утре во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, во Прличевата одаја  ќе биде промовирана книгата „Свети Архангел Михаил“ од академик Миле Миќуновиќ. Книгата ќе ја промовира м-р Милчо Јованоски.

Во оваа 98 книга академик Миќуновиќ на над 700 страници ги изнесува истражувањата на терен на 64 црковните храмови во Македонија што се посветени на Свети Архангел Михаил по азбучен ред без да го опишува во детали нивниот фрескоживопис , бидејќи како што вели: читателот може да користи соодветна литература од компетентни автори – пред се’ историчари на уметност.

Академик Миќуновиќ ја запознава јавноста со тоа како дошол на идејата да ја пишува книгата. Кој е всушност Свети Архангел Михаил, пренесува молитви за овој свет ден , како и обреди кои се прават по домовите и семејствата во чест на светецот.

 

.