Во последната деценија IT индустријата зеде голем замав и во Македонија. Се повеќе странски инвеститори го гледаат потенцијалот кој се нуди кај нас, во поглед на неискористен млад, талентиран и високо образован кадар. Како резултат на тоа, веќе постои изразена конкуренција помеѓу фирмите и стартапите за тоа да се привлече и мотивира најдобриот кадар.

Помеѓу најактуелните новитети во Македонија е првиот Македонско  – Израелски стартап, кој што активно настапи на македонската сцена пред околу една година. Exai Website Builder  располага со иновативна технологија за изработка и автоматско одржување на вебсајти, слична на таа што ја нудат веќе светски познатите Wix и Squarespace, но е уникатна во поглед на техничкото одржување на самите веб страни.

Тимот на Exai сега за сега постепено расте и се вработуваат нови кадри, но во план е големо проширување и вработување на голем број на млади таленти. Добредојдени се амбициозни веб дизајнери, агенти за продажба, маркетинг специјалисти и секако во најголем број програмери.

Оваа технологија е наменета да им олесни на сопствениците на мали и средни бизниси во одржувањето на технологијата на нивната веб страна, но им дава и слобода да можат сами да го менуваат изгледот на веб страната без претходно искуство во програмирање и веб дизајн.

Животот на малите бизниси е значително олеснет со оваа технологијата. Во свет којшто постојано се менува, е полн со предизвици и немилосрдна конкуренција, онлајн присуството и видливоста се неодминлив услов за успех. Со тоа што денес целиот свет е на своите мобилни телефони, веб страница оптимизирана за мобилни направи е основна потреба на секој бизнис.

Exai помага да бидете видлив дел од светот, имајќи во предвид дека она што е навистина важно, и за што сите луѓе всушност работат е семејството. Сакаат да го направат тоа што е најдобро за своите најмили, односно го прават тоа што е најдобро за нивните бизниси да растат. Exai, на нивно големо задоволство преку својата напредна технологија инвестираат во иднината на човештвото и развојот на малите бизниси.

Целта на Exai Website Builder како производ е да понуди поквалитетна услуга од open source платформите кои иницијално се бесплатни за сите но потоа повлекуваат скриени трошоци. Како пример за тоа е земен познатиот WordPress кој го држи најголемиот дел од онлајн пазарот. Оваа платформа нуди бесплатни теми за правење на веб страна но подоцна истата мора да се одржува и оптимизира од страна на професионалец кој би чинел многу пари.

Од друга страна,  Exai системот е изграден на тој начин што ја гради самата веб страница за многу пократко време од останатите вакви платформи и автоматски ги апдејтира и оптимизира сите свои корисници од една централна машина изградена со помош на вештачка интелигенција. Со се ова се намалуваат трошоците, стресот и времето потрошени за одржување. Exaiго прави сето тоа за вас. Во прашање е сложен код кој што претставува предизвик за секој програмер кој што е во потрага по новитети и можност за надоградба на сопственото знаење како и можност да се учествува во нешто што има потенцијал да стане многу големо.

Она што ги издвојува како уникатна средина за напредок и развој е тоа што за тимот на Exai целиот свет е пазар.

Извор : http://Exai Website Builder      Exaimobilefriendlywebsites