Во рамки на 45-те Караманови поетски средби во Радовиш во сабота на 24 ноември ќе биде промовирана книгата „Новогодишни детски песни“ од Марина Мијаковска.  Ова е прватa книга на Марина Мијаковска наменета за најмладата популација. Во неа има четириесет песни за деца од различни возрасти кои ги воспеваат: новогодишниот амбиент во Македонија; празнувањата и обичаите за Нова година; новогодишната елка; снежниот зимски амбиент, итн.
Книгата е повеќенаменска, интерактивна и ја развива креативноста кај децата. Мијаковска им нуди можност на децата да ги читаат песните, да ги обојат новогодишни илустрации и низ игра самите да напишат песна од најголемите новогодишни желби.
Христо Петрески, промоторот на книгата „Новогодишни детски песни“, вели дека  оваа книга е едукативно-дидактичка и претставува еден мал водич, прирачник, поетска боенка и забавник.“