Игор Поп Трајков, поет и писател за кого „Слободата на изразување е она што е најважно“. Почнал да пишува на 16 години а првиот литературен обид била пиеса.
На почетокот на деведесеттите го основал литературниот клуб „Мал Принц“, во кој се изродиле некои од најголемите писателски имиња. На почетокот на
2000-тите станал локален уредник на од ЕУ спонзорираниот сајт (преку  Мобобилитас)- ЛокалМајндс.

Опусот на Игор Поп Трајков се состои од 30 пиеси , 2000 страници стихови, приказни, есеи, теоретски трудови, журналистика,
всушност сите видови на литература; Пособено популарни се интервјуата со некои интернационално познати луѓе од светот на филмот и литературата. Тој беше
единствениот не-Американец кој влезе во натпреварот за пишување сценарија Гринлајт (воден од Бен Афлек и Мет Дајмон);а беше и во официјалната селекција на поетскиот натпревар  Вијаџи ди Верси и беше селектиран за публикување во проектот Ил Мио Ли, подржуван од Фелтринели.

ЗАЛИВ ВО НОЌТА
збирка поезија од Игор Поп Трајков

 

ТРОЈАНСКИОТ КОЊ

Од ноздрите му фрчеа многу огнови,

а очите му беа жарови ревносни,

наводно, за честа телесна,

а не за некои патишта трговски

Источно-Западни.

Пред ѕидините кратко се препелкаше,

но многу прав крена, за оние

кои веруваа во наслади беше измама најголема.

Бидејќи едноставно достоинственикот

се занесе од косите златни

на колена падна пред нив

и се зари во минџата со забите си мермерни.

Остатокот од наративот е познат,

но зошто никој не сака да го научи?

А тој е дека Арг, со помош на Птија

братство основа, и во правот надежен

илузија некаква наметна, за таа која

многу важна му беше на важниот

и последователно онаа дрвенарија бедна

им се виде на сите ним божествена.

Така жива глава во тие дни воинствени,

спасија само оние со мисли рационални.

ЈАДОТ ПОСТРАШЕН ОД СМРТТА

 Почнуваше кога не можев да се совземам

од сè што ме чекало и ќе ме пречека

кога во долапите од моите предци

не го наоѓам

она по што најдлабоко се стремам

кога и денот се заканува дека ќе згасне

– таа свеќа догорена, кандило потопено –

и сè ќе престане да биде верување,

а ќе стане

постоење, нагаѓање…

Така скршен, така несреќен проколкувам

секаде каде минувам, за да најгласен бидам

и за кон сите, а не на себе, вниманието го свртам.

Не умирам

туку итам за да се помирувам со „како не сакам“

вечната фаза, препуштена на суровоста на мракот

кој е катранот врел врз снегот на различниот.

Зошто и јас не сум како тој истиот, за сите прекрасниот

кој има

богатсва, иднина?…

Зашто јас сум тука да го убијам денот на неканетиот,

со гневот- и за самата смрт стравот, со влакнестиот

врколак неканетиот крадец на сè ќе го раскинам.

Крволоку пријателе,

брату воинствен, ти ме поддржа за да мразам и

векувам, кога рани жестоки лекувам, со нокти

остри и сечива назабени. Страву, леку единствен

ти си светец прекрасен. Ти никогаш не си разединен!

Зашто си гневен,  благороден и спасоносен.