За Јунуорскиот Евросонг 2018

Пишува Татјана Гогоска

Учеството на 20 земји (досега рекордна бројка), на годинешното издание на Јуниорскиот Евросонг 2018, кој се одржа во Минск-Белорусија, покажа дека и покрај кризата на оваа Европска, а од пред две години и светска музичка манифестација за деца  и млади од 10 до 15 години, е вистинско шоу на кое можат и возрасните-зрели пеачи да позавидат.

Ангелина-Франција

Децата дефинитивно имаат што, и знаат како да го покажат. Знаејќи ја историјата на оваа најголема манифестација од ваков вид за деца-јуниори, можам да потврдам дека со големите напори на ЕБУ, кризите кои ги имаше дефинитивно се зад неа.

Малиот број на земји учеснички и малата заинтересираност за учество во телеволтингот, беа мотивот да направат многу промени во принципот на гласање, во кој воведоа и жири и публика(50%50) , можност за беспалтно гласање преку сјтот, www.junioreurovision.tv  и можност за гласање и за претставникот од својата земја.

Jael-Австралија

Овој пат во топ пет земји најдобрите пет песни, претставниците на: Франција, Австралија, Украина, Малта,  и победничката Полска, која победата ја освои со најголемиот број на гласови од телеволтингот.

 

Едно е јасно и после оваа Детска Евровизија, а тоа  дека секоја држава учесник т.е. Национален сервис има добра презентација доколку настапот и учеството го гледаат како голем проект во кој се врзани неколку делови, кои на сцена треба да функционираат до перфекција.

Марија-Македонија

Овој пат Македонија претставена со одличниот настап на Марија Спасовска, со песната „Дома„ , во кој преовладаа нејзините вокални способности за што беше и наградувана со поени од скоро секоја земја учесник. Токму заради тоа и следеше релативно добриот пласман, на 12-тото место кое реално си го избори младата пеачка. Музичкиот вокален потенцијал на децата во Македонија треба да се користи и правилно да се насочува, давајќи им можност да бидат дел од оваа манифестација, но со подбар севкупно изработен проект, за кој се задолжени возрасните. Браво Марија и многу успеси понатаму!