„Во Душата тетовирани„- за големиот автор Горан Стефановски

Пишува Татјана Гогоска

Горан Стефановски, човекот и автор, паметник на времето наше, сининимот на моќните драмските текстови, човекот чии зборови секогаш гледале кон иднината. Тој го напушти овој свет вчеравечер во својата 66 година од животот после кратко боледување. На многумина мисла денеска „имаше уште многу да каже “.

Јас секогаш, се прашував како Горан умееше да ги каже нештата многу години пред да се случат, колку тие негови зборови допираа до најдлабоките делови на нашата егзистенција, овде и сега, во минатото, но со јасна порака за непредвидливата иднина. Чудно, многу чудно е кога ќе не погоди ваква вест, веднаш низ мемориската картичка на нашето паметење бараме некои  наши мигови, кои не потсетуваат каква била личноста. Јас ја споменувам средбата по повод снимање на евентуално ново продолжение на Бушавата абука, некаде точно пред 11 години, кое за жал не се случи. И токму таа средба, еден разговор со него сега оживеан, ми кажа многу за неговиот став, неговата мисла, неговиот збор за нештата многу важни а тогаш за мене несфатливи.

 

„Се повеќе меѓу нас има „Тетовирани души“! ” И сеуште ………ние сме сега и овде…бидејќи нашата иднина ја продаваат а минатотот ни го бришат..!!“

 

Делата на Гoран Стефановски се многу, но нема да ги набројувам сите, доволно е да споменам „Дупло дно„, „Тетовирани души“ „Лет во место „ и „Диво месо„, и јасно е се. Но, она што е најмоќно кај него се зборовите, во секој дел на неговото авторко битисување искажани. Зборови кои носат толку силна порака што те смрзнува, а потоа те тера долго да размислуваш за нив.

Денеска го прочитав неговото писмо напишано до внуката и само дел ќе го вметнам во овој текст затоа што кажува многу.

Драга Калина
Внуко моја,
Ти пишувам писмо во првите часови по твоето раѓање, пред Коледе, во очи на Новата година, во дните на зимската краткодневица, најкратките денови во годината, кога сонцето запира зачудено, речиси паднато во бездна, пред одеднаш чудесно пак да реши да крене глава и да тргне угоре, како обновено божество на светлоста.
Со радост во срцето те поздравувам и брзам да ти кажам дека светот одново се раѓа со секое новородено детенце!
Сиот свет сега ти припаѓа тебе
и сè во него е твое!
Твои се земјата и луѓето и животните и
билките,
И морето и рибите
И небото и птиците
Твои се сонцето и ѕвездите
И твоја е месечината
Сѐ е твое!
Твои се четирите страни на светот
И исток и запад
и север и северозапад
А посебно југ
И немој да имаш тага за југ, туку ти самата биди југ,
И носи го во себе кај и да си,
Твои се и Охрид и Струга
Лондон и Цариград
И Мачу Пикчу и Кинескиот ѕид
И градот на Вардар
Твое е Дебар Маало
Твои се и Канео и Нерези и Матка
И иконите и ангелот од Курбиново
Твои се Битлси и Стоунси и Ерик Сати
и свитите на Бах за виолончело
Твои се оперите на Моцарт
Сѐ е твое!
И строгата и проста македонска песна
На твоите предци знајни и незнајни
Везот дебарски на Алтана и каменот ѕидарски на Стрезо
И тие сега се твои
И претставите што ги режираше прадедо ти Мирко
И улогите во кои играше прабаба ти Нада
Твоја е магијата на чичко ти Влатко, ем електрична, ем акустична
Сѐ е твое!………………………………..

Почивај во мир ЧОВЕКУ!