За нас

Главен уредник
М-р Татјана Гогоска

Кога се исправив пред нов предизвик, кој ме врати на професионалните почетоци некаде пред речиси три децении, првото нешто што се запрашав беше: Зошто токму сега назад во новинарството од кое заминав одамна, случајно или не?

 

 

Чепкав низ спомените, запаметените настани, случувања, текови кои како млад новинар ме одведоа на еден нов почеток, не за оној за кој сонував и се подготвував. Ме ставија пред тогаш голем предизвик за мене, телевизиската продукција. И тогаш се прашував зошто вака? Годините, случувањата, успесите, делата ми покажаа дека не било случајно, туку напротив требало да израснам во една личност која стана: телевизиски, литературен и драмски автор магистер по комуникологија , модератор на работилници и што ти уште не.

И кога ѕвездите ми велеа дека ќе се вратам на нешто старо во професијата , се прашував што ли ќе биде тоа и како?

Еве, година 2018-та четвртиот месец од истата јас како главен уредник на Дневниот портал www.kulturno .mk со назнака, Портал за сите што сакаат нешто различно.

Што треба да очекуваат читателите?

Многу култура, информации, естрада, забава, семејно живеење, ретро видувања, мода, репортажи.. ..сето она што го прават човечкиот живот побогат и поубав. Ние ќе се трудиме да бидеме секогаш во тек со настаните и да сме читани и читливи за сите што сакаат нешто различно.

И да, одговорот на моето прво прашање го најдов: Се вратив во новинарството затоа што активно бев само пет години а толку многу го сакав. И очигледно не си ја завршив мисијата. Еве ја мојата втора шанса. Многумина велат : „каде најде баш сега во најголемите невремиња на новинарството?“ Но, некои нешта не ги избираме. Самите доаѓаат.

Ако имате сугестии, предлози….не сме суетни, пишете ни !
Со среќа на целиот тим на www. kulturno.mk.